Утрово околу 03 часот и 30 минути на улица „Бутелска“ во Скопје, опожарено било паркирано патничко возило - џип, „Ауди Q7“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.М. од Скопје.
Во пожарот бил зафатен предниот дел од возилото и дел од шал таблата.
Пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот ќе се изврши во текот на денешниот ден.