Запалено возило во Скопје

Непознато лице рано изутрината опожарило возило на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Скопје.

Околу 3:30 часот изутрината во Единицата за известување и командување Скопје било пријавено дека на ул.„Коста Абрашевиќ“ од страна на непознато лице било опожарено патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.Џ (1978) од Скопје, соопшти полицијата. Возилото било опожарено во внатрешноста, а покрај него било пронајдено пластично шише со непозната течност.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.