Видео: МВР со официјално соопштение за пожарот под скопско Кале во кој изгореа пет автомобили

Запалена била сува трева, а пожарот се проширил и на паркирани возила. Ова е причината поради која изгореа пет возила на дивиот паркинг во близина на Водовод, под скопското Кале.

„На 06.04.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Лазар Личеновски” на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар при што горела сува трева“, велат од МВР.

Од пожарот целосно биле опожарени пет патнички возила со скопски регистарски ознаки: „сеат леон“ сопственост на Б.А.(32) од Скопје, „мерцедес“ сопственост на М.Г.(41) од Скопје, „сеат леон“ сопственост на М.Т.(19) од нас.Илинден, Скопје, „тојота“ сопственост на А.Т.(28) од Скопје и „рено“ сопственост на Б.Б.(42) од Скопје.

Исто така, од пожарот делумно било опожарено и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(39) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.