Гореше автомобил во Скопје

Во 21 часот и 46 минути во полиција било пријавено дека во Скопје на улицата „Благоја Стефковски“, од непознати причини било опожарено возило  „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 23-годишниот С.С.П.  од Скопје.

Со пожарот било зафатено задното десно тркало и дел од внатрешноста на возилото.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.