141 санкционирани возачи во Скопје, 59 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.