Возач со „форд“ прегази дете во Скопје

Тешко повреден малолетник во Скопје откако бил прегазен од „форд“ на една улица. 

На 21.04.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија до полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.