Со вреќи од јута палмите ќе ја минат зимата

Со вреќи од јута и најлони ќе се заштитуваат палмите зимава. ЈП "Паркови и зеленило" од наредниот месец ќе почне да ги заштитува егзотичните дрвца за ниски температури. Од претпријатието велат дека ваква заштита изминативе години правеле на палмите што беа на Градската плажа кај Камениот мост и се покажала како успешна.

Палмите кои се засадени во Скопје се дел од проектот на ЈП "Македонски шуми" за садење егзотични дрвца во шест градови низ Македонија. Набавени се 1.100 садници од типот влакнести палми, кои чинеа околу пола милион евра.