И летово ќе се освежуваат егзотичните дрвца

„Паркови и зеленило“ почна со поставување на системите кои се наменети за освежување на егзотичните дрвца засадени низ Скопје. Прскалките, создаваат водена пареа која ги освежува палмите и им овозможува услови налик на оние на тропските земји каде истите виреат. За да можат да успеат дрвцата се прскаат секое утро по еден и пол час.

Бидејќи во Скопје владее континентална клима, неопходен е специјален третман за палмите и во зимскиот и во летниот период. Во зима тие сеп окриваат со најлон за да не замрзнат, додека со прскање им се обезбедува доволно влажност во сувите летни денови. Прскалките кои ќе ги освежуваат се набавни лани. А од ЈП„Паркови и зеленило“ велат дека по ефективно е кога палмите се прскаат во стеблото отколку во коренот. Земјата околу нив ја прихрануваат со ѓубриво од Калифорниски црви, во комбинација со речен песок. Со ова се задржува влажноста на почвата која им е потребна за да опстанат.
Неколку видови палми беа засадени во текот на минатото лето во рамки на проектот на „Македонски шуми“ за садење на егзотични дрвца низ 6 градови во Македонија.