Реакција: Палмите кои беа засадени во Скопје, се проект на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“

Во однос на информациите објавени на неколку медиуми, Градот Скопје, во интерес на вистинитото и правилно информирање, уште еднаш ја потсетува јавноста, дека палмите кои беа засадени во Скопје во 2015 година, не е проект на Град Скопје, туку се работи за дел од проектот кој го реализира Јавното претпријатие „Македонски Шуми“.

Со овој проект, покрај останатите градови во нашата земја, беа опфатени и Град Скопје и општините во главниот град, но за нивната набавка не беше потрошен ниту еден денар од буџетот на Град Скопје.