Пукање во Скопје: Едно лице е повредно од огнено оружје, друго од остар предмет

Пукање вчеравечер во скопски Чаир. При инцидентот две лица се повредени. 

- На 07.04.2024 во 18.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир, А.П.(22) и А.П.(23), двајцата од Скопје, со огнено оружје и остар предмет биле нападнати од неколку лица, при што А.П.(23) бил повреден со остар предмет, додека А.П.(22) се здобил со повреди од огнено оружје, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.