Најпрво физички го нападнал, па се обидел да го убие

МВР известува дека вчера до нив имало пристигнато пријава за физички напад и обид за убиство од страна на жител на Сарај.

„На 19.03.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, Ј.М.(60) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од И.Љ.(36) од с.Сарај, кој потоа од огнено оружје испукал два куршуми кон него, но не го погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ се вели во соопштението на МВР