19-годишна девојка уапсена синоќа во Центар

19-годишна девојча доцна синоќа е уапсена во Центар. 

Како што соопштија од полицијата вчера во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.А.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.