Детали од денешното пукањето во Арачиново

Денеска во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот се вели во дописот на МВР.

Едно од повредените лица моментално се наоѓа во Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ каде е примено со прострелна рана додека другото лице се наоѓа на Клиника каде исто така е примено со прострелни рани но поради сериозноста на повредите врз него е извршната хируршка интервенција.