Тешка сообраќајна незгода се случи пред помалку од половина час на булеварот „Партизански одреди“ во непосредна близина на слаткарницата „Палма“.
Според првичните информации, во несреќата учествувале мотор и патничко моторно возило кое од јачината на ударот е преполовено.
Булеварот е целосно затворен на потегот од „Сити Мол“ до мостот „Обединети нации“, а сообраќајот се одвива по околните улици.
Повеќе детали се очекуваат од МВР.
Фото: Skopje1.mk