Новинарката Цветковска „ја подбра“ професорката Чупеска: Се молат родителите да не праќаат деца на Јустинијан

Со 48 гласови „за“, 36 „против“ и 1 „воздржан“ Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Измените се однесуваат на казните на неколку кривични дела, односно за значително намалените казни за различните облици на кривичното дело од член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување“ со намалување на казната од најмалку 3 години затвор на казна од 1 до 4 години затвор, како и членот 394 „Злосторничко здружување“ со намалување на казната до 10 години на казна до 3 години.

По ова следеа бурни реакции, пред се, во насока што и дел од правниците и професорите од Правниот факултет застанаа во одбрана на овие законски измени. 

Новинарката од ИРЛ Сашка Цветковска со „ироничен“ коментар „ја подбра“ професорката Ана Чупеска. 

- Младите професори по стапките на бардовите. Академската правничка елита од Јустинијан продолжува громогласно да се бори против корупцијата и криминалот во секоја пора на општеството, вели новинарката Цветковска. 

- Ова е размислување на универзитетски професор од правниот факултет, гнездото на експерти кои ги прават нашите закони. Какво дно, каков срам. Се молат родителите да не праќаат деца на Јустинијан, реално може и кај Мерко и кај Бојо да си студираат, горе доле тоа е, додава таа во друга фејсбук објава споделувајќи го ставот на професорката Чупеска од Правниот факултет!