„Геноцид ни се случува, државата се распродаде, наталитет нема никаков, а вие се борите против некаков закон“, вели доктор Лазаров

Минатиот викенд во Скопје се одржа „Парада на гордоста“, а тоа предизвика реакција од Македонската православна црква (МПЦ) која повика на протест в четврток.

Доктор Ненад Лазаров реагира на протестот кој е закажан в четврток од МПЦ против Законот за родова еднаквост.

- Геноцид ни се случува од секој аспект 30 години, држава се распродаде и искраде, црквата шурува со секоја власт, сега да сме протестираме за закон некој, ќе штителе нација од истополови бракови, криминалци едни.

За едно нешто сте дигнале народ или помогнале, не уништија, а вие згради и кафани градите, срам да ви е. Наталитет нема никаков со години, умира нацијава од такви ко вас кои нè предадоа, не од поинаква сексуална ориентација, објави доктор Лазаров.