Министерство за труд и социјална политика, ќе излезете ли да објасните дека законот со кој се фалевте дека го газите? - Ампева жестоко кон власта

Активистката и претседателка на здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Кристина Ампева, со жестока реакција на социјалните мрежи откако премиерот Димитар Ковачевски препорача маркетите да работат и на претстојните празници

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека препораката на Владата за новогодишните и божиќните празници да работат продавниците, штандовите и киосците што вршат трговија на мало е донесена на барање на трговците и угостителите.

Работниците што ќе работат во тие денови, како што рече Ковачевски, ќе бидат платени согласно законот за работа во неработни денови и работа во недела.

Но, со оглед на Законот за недела - неработен ден, се јави Ампева со критики кон власта. 

- И уште не ми се верува дека таче си тресна глупост, си даде препорака наспроти закон, им даде ветар во грб на работодавачите од тие дејности да ги остават вработените без слободен ден за сите новогодишни и божиќни празници, а ниеден од министри, советници, не му рече дека законот е дециден и вели забрана за работа во недела. Министерство за труд и социјална политика, ќе излезете ли да објасните дека законот со кој се фалевте дека го газите? Дека таче не ја знае содржината и дека е кршење на закон работењето кое го најавија маркетите? А за вас, газди кои направивте и понеделник и Бадник да работат луѓето, да знаете зошто немате работници и постојано си имате отворени огласи за работа! Срам и арам. И за вас и оној, wannabe премиер, гласи објавата на фесјбук на Ампева.