Итно ни е потребен закон за урбано чување миленици

Стефан Кирков, добар познавач на милениците и активист, на социјалните мрежи сподели став за трагедијата која се случи вчера во скопската населба Пинтија каде дете до смрт беше изгризано од куче. 

-Жалам за големата трагедија која се случила вчеравечер каде жртва на напад било детенце нападнато од куче од расата Бул Мастиф и сочувство до фамилијата.

Почитувани пријатели, медиуми, новинари ...нема агресивно куче, нема агресивна раса, постои само неодговорен сосптвеник.  Кучињата се воспитуваат и дресираат, постои неодговорно сопствеништво, а не постои Закон за урбано чување на миленици,тоа е нешто кое го повторувам секаде и при секоја моја изјава.

Сопственикот свесен дека поседува куче за кое се сомнева дека може да нападне и да биде агресивно мора да го чува во затворен бокс и никако не смеел да го чува пуштено, мора да има на самата врата табличка со назнака дека внатре има куче!

Во училиштата, пожелно е да се има едукација на овие теми за тоа како да се постапува со миленик, уште од најмала возраст на децата па и на возрасните!

Ова не се примери измислени од мене, ова се примери од Европските земји кои се во тој закон за урбано чување на миленик кој и тоа како е потребен под итно да се имплементира кај нас!

Кај нас имаме неодговорни сопственици, агресивни кучиња, нелегални борби со кучиња, безброј улични кучиња и политички друштва за заштита на животни кои се борат повеќе за проекти за пари, него ли за закони и благосостојба на животни.

На крај, да не се повтори вакво нешто повеќе!, пишува тој.