„Заветна” ја препеавме во најтемниот период на самостојна Македонија за сега да стане “лајт-мотив” на светлото кое допрва треба да дојде, вели Дурловски

Изборната предност на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ се славеше со песната која е своевидна химна на Македонците.

„Заветна“ - моќна, емотивна, песна која не може а да не допре до секој кој се родил, растел, живее тука на ова поднебје, го сака и е горд на тоа родољубие! 

- „Заветна” со Андријана ја препеавме во најтемниот период на самостојна Македонија за сега да стане “лајт-мотив” на светлото кое допрва треба да дојде, порача македонскиот познат оперски пејач Игор Дурловски. 

Инаку, тој вечерта на првиот круг од изборите порача: 

- Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно! 

Дурловски беше дел од настаните на 27-април 2017 година во македонското собрание како еден од водачите за „За заедничка Македонија“.