Напредува изградбата на плоштадот „Скендербег“ (ФОТО)

Се забележува напредок кај градежните работи кои се изведуваат на плоштадот „Скендербег“. Првата половина од премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ е успешно изведена.

Во претходниот период изведени беа страничните и средишните носечки столбови и излиена е до половина армирано-бетонската плоча која ќе го носи плоштадот. Во наредниот период ќе се довршува плочата во левиот дел од булеварот, што значи негово затворање за сообраќај во правец од трговскиот центар „Мавровка“ кон мостот Гоце Делчев. 

Како дел од градежниот зафат изведени беа и пристапни скали од страната на МОБ и Старата скопска чаршија, а се очекува и дислоцирање на самиот споменик на Скендербег. 

Фотографиите се превземени од веб-сајтот: Build.mk