Привршува изградбата на Скендербег: Фонтанa како водна завеса, ескалатор и лифт на новиот плоштад (ФОТО)

Во завршна фаза е изградбата на плоштадот "Скендербег" кој се гради над булеварот Гоце Делчев. Општина Чаир и фирмата "Бауер БГ" од Скопје минатиот месец склучиле дополнителен договор за непредвидени работи во висина од над 18 милиони денари.

Плоштадот е предвидено да се простира на 22.000 метри квадратни. Премостувањето на булеварот "Гоце Делчев" опфаќа површина од 8.000 метри квадратни. Поставени се мозаици на бетонските платоа кон Чаршијата и кон страничните ѕидови на скалите од амфитеатарот.

Подготвена е и инсталацијата поставена за фонтаната.Која ќе биде во вид на водна завеса и ќе се постави наспроти споменикот на Скендер-бег.На овој плоштад ќе има и лифт кој ќе се наоѓа од десната страна на крајот од стоковната куќа „Мост“, а поставен е и ескалатор.

Овој сегмент ќе опфати изградба на подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила, со што ќе се ублажи проблемот со недостиг за паркирање околу Старата скопска чаршија. Првата фаза од плоштадот ги опфаќаше угостителските објекти на влезот од Чаршијата.

Фото: Емагазин