Фонтанa како водна завеса, ескалатор и лифт на новиот плоштад „Скендербег“

Во тек е изградбата на плоштадот "Скендербег" кој се гради над булеварот Гоце Делчев. Општина Чаир и фирмата "Бауер БГ" од Скопје минатиот месец склучиле дополнителен договор за непредвидени работи во висина од над 18 милиони денари.

Од секторот на урбанизам на Општина Чаир уверуваат дека и покрај новите непланирани троши вкупната сума за изградба на втората фаза од плоштадот што подразбира неговото премостување над булеварот не ја надминува планирана сум од 10 милиони евра.

Горе на плоштадот се поставуваат канделабри, се обложуваат скалите. Целта е што побрзо да се завршат работите на долниот дел под плоштадот за да се пушти булеварот за сообраќај, а потоа ќе се работи на ситните работи на плоштадот.

Покривањето на левиот дел од јавниот простор се одвива побрзо, поаѓајќи од фактот што се употребуваат префабрикувани бетонски елементи. Плоштадот е предвидено да се простира на 22.000 метри квадратни. Премостувањето на булеварот "Гоце Делчев" опфаќа површина од 8.000 метри квадратни. Локалните власти порачаа мозаици, кои ќе се постават на бетонските платоа кон Чаршијата и кон страничните ѕидови на скалите од амфитеатарот.

Мозаиците  се поставуваат на бетонските платоа кон Чаршијата и на страничните ѕидови на скалите на амфитеатарот, кој беше изграден во првата фаза.

Подготвена е и инсталацијата поставена за фонтаната.Која ќе биде во вид на водна завеса и ќе се постави наспроти споменикот на Скендер-бег.Воедно на овој плоштад ќе се монтира и лифт кој ќе се наоѓа од десната страна на крајот од стоковната куќа „Мост“, а ќе биде поставен и ескалатор.

По целосното завршување на работите, општина Чаир планира да премине кон реализација на третата фаза од проектот.

Овој сегмент ќе опфати изградба на подземен паркинг на две нивоа со капацитет од 400 возила, со што ќе се ублажи проблемот со недостиг за паркирање околу Старата скопска чаршија. Првата фаза од плоштадот ги опфаќаше угостителските објекти на влезот од Чаршијата.