Ѕвездено небо, опојно македонско вино - започна „Фестивал на виното“

Почетокот на првиот “Фестивал на виното” беше означен во четврток вечер во комплексот “Македонско село”, а ќе трае до недела, 23 октомври.

Настанот беше отворен со настапот на етно групата Синтезис, а гостите имаа можност да уживаат во најубавите македонски вина и да дегустираат голем број на специјалитети, млечни и сувомеснати деликатеси по одлични цени. 

За време на четирите фестивалски денови, освен во убавото вино и вкусната храна, гостите ќе уживаат и во богатата музичка програма на која се најдоа звучни имиња од македонската сцена. Во сабота, фестивалот ќе доживее кулминација со настапот во живо на македонската дива, Каролина Гочева.

Главни учесници на настанот се македонските винарии Тиквеш, Стоби, Камник, Бовин и Сопот, а како поддржувачи се Општина Карпош, Пелистерка, Агриа, Солета, Здравје Радово, Битолска Млекара, Лакталис и Осогово Милк.

Влезот во комплексот "Македонско село" за време на фестивалските денови е 100ден.