Видео: „Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

Македонија во мало на 12.000 м2. Цела нејзина историја, традиција и архитектура испреплетена со стари занаети, народни носии, сувенири и култура.

Комплексот Македонско село е лоциран во прекрасната природа на планината Водно, кој освен одмор, чист планински воздух и прекрасен поглед кон Скопје на посетителите им нуди врвна услуга и незаборавно искуство. Покрај капацитетот за 100 гости односно 49 соби и неколку ресторани во овој зимски период на посетителите, комплексот им нуди можност да уживаат во традиционалниот амбиент, вкусната храна и бројните активности.

Овој раскошен комплекс ја преставува Македонската архитектура од 19-ти и 20-ти век, а застапени се 16 автентични куќи од различни региони од нашата држава.

Македонско село е препознатливо по својот уникатен шарм а приказната за Македонија се надополнува и со прекрасните ноти на Македонското вино и богатата традиционална храна.