Зошто некои мажи се плашат од моќни жени?

Како што се гледа во различни аспекти од животот, мажите се наклонети да уживаат во доминантни улоги кои им даваат чувство на контрола. Кај некои мажи, кога оваа доминација ќе се стави под знак прашалник, тие се чувствуваат несигурно и поради тоа не знаат како да се однесуваат со моќни жени. Еве зошто е тоа така:

На моќната и силна жена не ѝ е страв искрено да му каже кога не се однесува добро

Силните жени им ставаат до знаење на мажите дека не се со нив само поради нивното его. Тие сметаат дека тие треба да бидат одговорни и укажуваат на грешките. Силните жени се паметни и способно, што е во конфликт со незрелоста.

Тој чувствува притисок поради успехот кој се очекува од него

Силните жени ги поддржуваат своите партнери, но тие сакаат и да ги мотивираат да бидат најдобри што можат. Незрелите мажи често ја гледаат таа поддршка со страв. Се плашат дека таа очекувала повеќе и дека нема да може да се носи со тоа. Покрај тоа, незрелите мажи не поднесуваат конструктивна критика.

Тој се плаши од обврски

Незрелите мажи не знаат што сакаат од животот. Силните жени точно знаат што сакаат од животот. Ако силната жена сака да биде со маж, тоа е затоа што таа одлучила дека тој е тоа што таа го бара. Таа не се плаши од поврзување и обврски. За незрелите мажи ова може да биде страшно.

Таа секогаш го кажува она што го мисли

На силната жена не ѝ е проблем да се соочи со она што го кажала или направила. Ако сте направиле нешто што не ѝ одговара, таа ќе ви го каже тоа. Тоа може да биде застрашувачко за незрели мажи, затоа што не се навикнати на директни жени.

Не е лесно да ја импресионираш силната жена

Незрелите мажи обично не вложуваат 100% во врската, што е потенцијален проблем, затоа што силните жени очекуваат мажите со кои се во врска да вложуваат во врската. Таа живее со страст и потребен ѝ е маж кој ќе ја покаже сопствената страст во врската за да знае дека пронашла партнер кој вреди да се чува.