Секс совети од мажи за жени

Мажите и жените многу често имаат потешкотии при договарањето што е секси, а што не и што ги возбудува во спалната соба. Но, не постои подобар начин да дојдете до информации за нешто, отколку од устата на „непријателот“. Ова се совети за секс, кои доаѓаат од мажите, а се наменети за жени.

Ова се совети за секс, кои доаѓаат од мажите, а се наменети за жени

Мажите и жените многу често имаат потешкотии при договарањето што е секси, а што не и што ги возбудува во спалната соба. Но, не постои подобар начин да дојдете до информации за нешто, отколку од устата на „непријателот“. Ова се совети за секс, кои доаѓаат од мажите, а се наменети за жени.

1. Секси долна облека секогаш помага.

2. Секогаш чувајте ги интимните делови добро средени. Ако имате проблеми со депилирањето, едноставното потсредување ќе заврши работа.

3. Обидете се со стриптиз или заводлив танц. Не мора да потрошите цело богатство на долна облека, можете и најобичната облека да ја соблечете на возбудлив начин.

4. Пораките со сексуална содржина можат многу да го возбудат, поради зголеменото исчекување.

5. Ако сте физички разделени во одреден период, обидете се со секс по телефон или преку скајп.

6. Пробајте нешто ново. Ако вашиот маж не е многу гласен во спалната, истражете ја таа територија.

7. Заборавете на инхибициите. Ништо не возбудува еден маж повеќе отколку когаќе види дека тоа што ви го прави ве излудува.

8. Водете го низ она што сакате да ви го прави. Не само што тоа ќе биде секси за вас, туку ќе го излуди и него.

9. Како што жените сакаат стимулација на повеќе делови од вагината, така и мажите сакаат да си играте со нивните тестиси при орален секс.

10. Зборувајте му безобразно. Ако не сте навикнати, отпрво може да ви биде многу чудно, но колку повеќе го правите тоа, толку ќе ви станува поприродно.

11. Менувајте ги позите. Многу е лесно да заглавите во рутината на мисионерската поза или да сакате секогаш да бидете одозгора, но истражвуањето на позите може да ви донесе многу задоволство.

12. Внесете повеќе перници во спалната соба. Тоа ќе ви помогне да изведете повеќе пози и да уживате во нив.