Зошто доцнат градските часовници?

Фирмата "Електроизградба" е задолжена за одржување на часовниците и уличното осветлување во метрополата.Најголеми проблеми со часовницит се појавуваат при исклучувањето на струјата за семафорите, пишува Вест.

" При утврдување на дефекти, веднаш се реагира и тие се отстрануваат, а часовниците се дотеруваат и се ставаат во функција. Поголем проблем преставува кога се исклучува струјата за семафорите, при што доаѓа до застој во работењето на часовниците", велат од Град Скопје.

Градските часовници се донација од АД "Скопска пивара" и поставени се во повеќе населби во градот. Тие се во зелена боја, производ на "Инса", во вид на правилен осумаголник, поставени на метален столб висок пет метри.