Фото: Цветен часовник - подарок за скопјани

По повод шест децении од страшниот земјотрес во Скопје во пет часот и седумнаесет минути, со голема почит и во знак на сеќавање ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје оформи нова цветна површина уредена со сезонски цветен расад отсликувајќи го часот на земјотресот од 26 јули 1963 година.

- Во центарот на градот, на плоштадот Филип Втори уредената цветна површина ги симболизира солидарноста, хуманоста и соживотот, информира ЈП „Паркови и зеленило“.

Од претпријатието посочија дека со голема заложба и должност насоченo работат за хумано и зелено Скопје.