Зимски чај од мандарини и цимет за намалување на килограмите

Како да ги намалиме килограмите во текот на зимскиот период?

Photo by Myriam Zilles on Unsplash

Мандарините се одлично овошје кое може да ви помогне во тоа. Освен што се богати со витамин Ц и така го чуваат имунитетот, мандарините имаат моќ да ви помогнат во борбата против вишокот килограми. 

Потребни состојки:

2 шолји вода

1 ½ шолја свежо цеден сок од мандарина

¼ лажичка цимет

малку каранфилче

1 лажичка мед (по избор)

2 кесички зелен или црн чај

Загрејте ја водата и оставете ја да проврие. Потоа тргнете ја од ринглата и додајте ги кесичките чај. Штом ги извадите кесичките чај по неколку минути, додадете ги каранфилчето и циметот, а на крај и сокот од мандарини.