Живејте за убавите денови

Да, понекогаш животот не оди како што треба, но не може засекогаш да се држите за тој став. 

Мора да живеете за убавите времиња. Ќе има денови кога на забава случајно ќе запознаете личност која првпат ја гледате, а разговарате како да сте најдобри пријатели. Понекогаш стекнувањето нов пријател со кого ќе можете да зборувате за сè и сешто е најдобар начин да ја нахраните душата.

Живејте за времињата кога сте заедно со пријателите и се смеете толку силно што дури и стомакот почнува да ве боли. За времињата кога сте толку среќни што имате чувство дека вашата насмевка е силна и сјајна како сонцето. 

За времињата кога работите се баш таман како што треба и чувствувате задоволство. 

За малите работи, како топла бања, кафе и есен, одење на авантури со пријателите, возење во автомобил со отворени прозорци, без да се грижите дека косата ви е разбушавена и хаотична или дека изгледате будалесто. 

Живејте без извинувања, затоа што животот е премногу краток за да се извинувате за тоа што живеете. 

Имате право да го фатите цврсто животот и да живеете по свој терк, затоа што вие не сте робови на овој свет и општество. Имате моќ да се издигнете над проблемите и да блескате и покрај сета темнина. 

Затоа, направете го тоа. 

Не дозволувајте на темните денови да ве проголтаат и проголтајте ја темнината со вашата светлина. 

Работите ќе станат подобри, само ако продолжите да туркате и ако продолжите да го направите животот само свој.

Ќе бидете океј. Вие можете сè!