Засадени високо школувани дрвја во мултифунционалниот парк во Маџари

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово засади високо школувани дрвја во мултифункционалниот парк во Маџари - Триангла.

- Во акцијата засадивме црвени сливи, магнолија, јапонски цреши и врби. Оваа акција ја реализираме во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, информира Стефковски.

Стефковски повтори дека животната средина останува на врвот на неговите приоритети.