Заев му ја предаде премиерската функција на Ковачевски

Поранешниот премиер Зоран Заев го пречека неговиот наследник во Владата и во СДСМ, Димитар Ковачевски и ја предаде премиерската функција и кабинет.

Во работната агендата на премиерот Димитар Ковачевски уште денеска е средбата со германската министерка за Европа Ана Лирман, а веќе утре ќе се сретне со бугарскиот премиер Кирил Петков.

-Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за”, 46 „против” и без воздржани. Новата Влада со работа започнува веднаш. Веќе на првата седница, денеска, се очекуваат одлуки за енергетската криза. Веднаш потоа, решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните. Владата ќе се посвети на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции, велат преку соопштение од СДСМ.