Силјановска Давкова со 3,2% предност пред Пендаровски

Според анкетата реализирана од Центарот за политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината”, најголем број на испитаници се изјасниле дека на претстојните претседателски и парламентарни избори, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и за Гордана Силјановска Давкова.

Имено, за ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 20 отсто од испитаниците, додека 18,2 се определиле за Силјановска Давкова како претседателски кандидат.

1. За која политичка партија или коалиција би гласале на Парламентарните Избори на 8 Мај?

2. За кој од Претседателските кандидати би гласале на Претседателските Избори на 24 Април?

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 4 до 7 март 2024 година, со 1085 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето е спроведено на ниво на цела територија на Република Северна Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Истата анкета е достапна на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .