Заедно да ја намалиме сообраќајната бучава

Живееме во град кој е во рапиден подем. Живееме во град во кој постојано се гради, нови згради, улици, булевари, велосипедски патеки, паркови, спортски сали, а сето тоа значи подобри услови за живот.

Од друга страна, подобрувањето на условите за живот, примамуваат и други луѓе, од други градови да мигрираат, што самото по себе значи повеќе возила.

Статистичките податоци кажуваат дека во деведесетите години на минатиот век, просечно секое семејство имало 1,5 возила, што во денешно време е далеку повеќе. Тоа, самото по себе, ја зголемува густината на сообраќајот, што следствено ја зголемува и бучавата, информираат од ЈСП- Скопје.

И покрај тоа што Градот Скопје се грижи, пред се, со зелен појас да ја придуши бучавата, сепак има населени места кај кои влезовите на куќите се буквално на тротоарите. Во ваквите населби, малку е потешко да се придуши бучавата од возилата, но затоа може истата да се намали.

Имајќи го предвид фактот што во Скопје многу ретко се користи групиран превоз, јавниот превоз треба да ја игра главната улога. Зошто?

Затоа што еден автобус во секој момент може да собере околу 100 граѓани, што значи дека, илустрирано кажано, може да замени и до 50-60 леки возила. Консумирањето на јавниот превоз, на тој начин, би ја намалил бучавата.

-Во тој контекст, имајќи ја предвид големата достапност на возилата од јавниот превоз во секој дел од Скопје, како совесни граѓани, можеме секому да обезбедиме мирен домашен одмор.А има ли некој кој не го сака тоа? Затоа, ДА КОРИСТИМЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ!!!, велат од ЈСП и РСБСП.

ЗАЕДНО, ДА ЈА НАМАЛИМЕ СООБРАЌАЈНАТА БУЧАВА, е дел од проектот ЗОШТО ЈАВЕН ПРЕВОЗ, во соработка на ЈСП СКОПЈЕ и РСБСП.