Забрана за летање во земјите на ЕУ на турска авиокомпанија која од Македонија организираше чартер летови за Анталија

Турската компанија Southwind Airlines, доби забрана за летање во земјите на Европската унија откако првично тоа го направи Финска. Причините за ваквата забрана се сомнежите дека оваа копанија е во сопственост на руски ентитени.

Southwind Airlines е формирана веднаш по избувнувањето на војната помеѓу Русија и Украина во 2022 година и се специјализира за летање од и до Русија. Она што е значајно да се каже е што оваа компанија оперира и во Македонија каде за време на туристичката сезона неколку пати неделно има чартер летови до Анталија. Со оглед дека планирано е компанијава да се активира во повторно во мај во Македонија прашањето дали воопшто оваа компанија ќе ги реализира плановите.

Компанијата е формално регистрирана во Анталија  додека најголемиот дел од нејзиниот имот и персонал, вклучувајќи ги и сите три авиони, беа префрлени од руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс , во сопственост на тур- операторот Пегас Туристик.

Во февруари, ЕУ и САД воведоа уште еден сет на санкции против Русија кои беа насочени кон различни ентитети во неколку земји, вклучително и Турција. Вкупно 16 турски компании беа санкционирани поради наводно олеснување на транзитот на стоки со двојна употреба што може да ги користи руската војска.