Грците се горди што го чуваат воздушниот простор на Македонија

Грција го надгледува воздушниот простор на Македонија и се многу горди поради таквата работа вели министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас. Тој додава дека се спроведуваме „air policing“ и во други земји што немаат воздушни капацитети. Според него грчкото воено воздухопловство располага со капацитети и е подготвено да им помогне на земјите кои имаат потреба.

„Во политичката рамка Грција има секакво расположение да ѝ го пружи ова на Северна Македонија, како и на други земји сојузници во НАТО кои имаат потреба од грчкото воено воздухопловство. Горди сме што го правиме тоа. Среќни да им помогнеме на пријателите, партнерите и сојузниците доколку ова им е потребно за нивниот воздушен простор. Подготвени сме за тоа, имаме многу способно, многу силно воено воздухопловство. Зошто да не?“, истакна министерот за одбрана на Грција.