Испробајте го новиот начин на подготовка на тиквици…
Состојки:
4 тиквици
65 гр рендан пармезан
1 лажичка лук во прав
1/2 лажичка сол
1 лажичка бибер
1/2 лажичка чили во прав
1 јајце
100 гр моцарела
65 гр чедар сирење
Начин на подготовка:
Добро измијте ги тиквиците, па изрендајте ги заедно со кората. Додајте им јајаце, пармезан и зачини, па се добро измешајте додека сите состојки не се соединат. Префрлете ја целата смеса во чиста памучна крпа, па притиснете и исцедете го вишокот течност. Ставете ја смесата на хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 35-40 минути.
На крајот од печењето додајте изрендан чедар и моцарела, па запечете уште десетина минути.
Исечете на помали парчиња и послужете со сезонска салата.