За брзо возење 275 казни на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 275 возачи.

Од нив, како што денеска информираа од МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 135 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“, истакнаа од МВР.