327 возачи казнети за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија казни вкупно 327 возачи поради тоа што се движеле со брзина поголема од дозволената.

Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, информираа од МВР.