Ова е бројот на казнети возачи за брзо возење

Вчера, Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија казни вкупно 395 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 186 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 209 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.