Вжештени линиите на „Ало, докторе“: граѓаните се жалат на симптомите од грипот

Во текот на изминатата недела на телефонскиот број за медицински совети „Ало, докторе“ се јавиле дури 1 719 граѓани. 

Од Здравствениот дом Скопје, велат дека до 15-септември, кога и беше отворен новиот сервис, па до сега, направени се 133 470 повици. 25 лекари се достапни во текот на 24 часа, за давање на медицински совети на граѓаните на телефонскиот број 02/ 15 123. Нивна задача е да дадат совет непосредно при појава на различни симптоми на нарушено здравје. 

Во овој период на настинки и грипови, телефонските линии на овој сервис се особено зафатени. Граѓаните се јавуваат за да се консултираат во врска со превентивни мерки против грипот, но и лекување и третирање на болните. Преку само еден телефонски повик, граѓаните можат да се пожалат кај специјалист во врска со симптомите кои ги имаат. Од таму велат дека најчесто пациентите се жалат на респираторни симптоми, сезонски грип или вирус или пак зголемена телесна температура. 

До сега, на сите лица кои побарале медицински совет, истиот им бил пружен, како и соодветна медицинска помош и симптоматска терапија, велат од Здравствен дом Скопје.