Возило на МВР удри 74-годишна жена

74-годишна жена е тешко повредена откако била прегазена од возило на МВР. 

На 12.02.2024 во 14.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, удрило во Л.С.(74) од Скопје. Во незгодата, Л.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР во денешниот билтен. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.