Возачите да внимаваат: Во близина на Театарот за деца и младинци има возило во дефект

Центарот за управување и контрола (ЦУК) на сообраќајот на Град Скопје апелира до возачите да бидат внимателни во еден дел од градот.

- Известуваме дека на ул. „Димитрије Чуповски“  во крајната десна сообраќајна лента, во насока на движење кон крстосница со ул. „Васил Главинов“ и ул. „Даме Груев“, во непосредна близина на Театарот за деца и младинци, има возило во дефект, соопшти ЦУК.