Над 60 возачи вчера биле санкционирани во Скопје за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 271 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, 16 санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од МВР.