Во завршна фаза реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во завршните работи на реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“, важен проект ветен во програмата „За модерно Скопје“, кој го изведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ - Скопје. 

- Со реконструкција на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот и истата е исполнување на уште едно децениско барање на жителите, велат надлежните. 

Имплементацијата на проектот опфати реконструкција на коловозот на улицата на површина од 9.600 м2 и должина од 1270 метри, со изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот ќе се подигне ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.