Во Скопско откриени крлежи кои се носители на вирусот на конго-кримската хеморагична треска

Во скопскиот регион се откриени крлежи кои си носители на вирусот на конго-кримската хеморагична треска, информираат од Комисијата за заразни болести и додаваат дека кај крлежите заловени во штипскиот и во велешкиот регион не била откриена конго-кримската хеморагична треска.

Од Комисијата за заразни болести велат дека нема место за паника и дека луѓето треба да бидат внимателни кога се движат во природа.

Годинава во Македонија во август беше регистриран првиот случај со конго-кримска хеморагична треска кога 27-годишна жена од штипското село Кучица почина.

Потоа беа регистрирани уште три случаи, но сите се веќе во добра здравствена состојба.