Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на пингвините

Денеска во Заливот на пингвините го одбележавме Светскиот ден на пингвините со едукативен и интерактивен час посветен на овој загрозен вид на птици, објави скопската Зоолошка.

Хамболд пингвините се загрозен вид кој потекнува од Јужна Америка, а нивните природни живеалишта се уништуваат поради човечки фактор. Во Скопје ЗОО, од јануари оваа година имаме дури четири бебиња.