Во Скопје активни над 1.000 ковид случаи

Дури 50 од вкупно 64 нови случаи на ковид-19 во изминатото деноноќие се од Скопје, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.

Во главниот град во моментов има активни 1.031 кови случаи, а од почетокот на пандемијата се заразиле 141. 996. 

Во изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје на возраст од 63 години, и дополнително уште едно лице од Скопје, на 73 години. 

Изминатиот ден регистрирани се 173 оздравени скопјани.