Во регионот падна првиот снег - Кога можеме да го очекуваме во Скопје?

Иако каледнардски зимата уште не почнала, на планините во Хрватска и во Босна и Херцеговина утрово паднаа првите снегулки.

Како што објави Метеоролошкиот центар од Хрватска, промената на времето пристигна во оваа земја, а со тоа и снегота.

Околу Госпиќ утрово падна снег, а на Платак веќе наврна поголемо количество снег. Првиот снег оваа есен паѓа на планините во Далмација. Утрово снег паѓа на Динара, Камешница и Биоково, а снегулки имаше и на врвот Свилаја и Мосор.

Во Босна и Хецеговина забела планините Јахорина и Бјелашница, каде температурата на воздухот утринава беше под нулата, додека, судејќи по директните камери од планините, на Требевиќ и Игман не се видливи снегулки.

На планините во Македонија снег се најавува на почетокот на следната недела, кога се очекува пад на температурите.

Ако сте од оние кои сакаат снег и живеете во Скопје, тогаш подобро е оваа зима да заминете на некоја планина, бидејќи во котлините снег или нема да има воопшто или ќе заврне некоја помала количина која воопшто нема да ја покрие земјата.

Ако може да се верува на долгорочните прогнози, втората половина на ноември ќе биде очекувано постудена, но не многу студена за да се создадат услови за врнежи од снег. Општо и врнежи нема да има многу, како што се очекува за овој период од годината. По влажниот бран овој викенд, сличен се очекува и наредниот но со нешто пониски температури. До крајот на ноември ќе имаме благи минуси наутро во котлините а дневните температури, дури кон крајот на ноември ќе се спуштат под 10 степени.

Во последните денови од месецов, ќе се создадат услови за снег во раните утрински часови, но дневните температури над 5 степени нема да дозволат тој да се задржи.

Од аспект на врнежи и декември нема да се разликува многу. Повлажен ќе биде почетокот и крајот на месецот кога е можно да видиме и малку снег.

Нешто постуден период се очекува да биде во последните десетина дена од годината кога ќе имаме утрински температури од минус 6 степени и дневни нешто над нулата.