Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент туку редовна појава, вели Куновска

Актерката и поранешна советничка во Советот на Град Скопје, своевремено и претседателка на Градската организација СДСМ-Скопје, Софија Куновска гласна за актуелните политички прашања во земјава.

Еве кој е нејзионот став за криминалот и корупцијата кој јавно го сподели. 

- Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на политичките партии, јавниот обвинител и судовите. Дури и најнадежната институција ДКСК има предмети што подолго се во фиока. Тоа е спрегата што не турка во жив песок. Во Македонија корупцијата и криминалот не се инцидент туку редовна појава, вели таа во својата фејсбук објава. 

- Заради тоа денес граѓаните, пред чии очи се разграбува државата последниве две децении, со огромна скепса гледаат на т.н. црна листа која „ги поместува“ работите на симболично ниво, нотира Куновска.